
Брегалница го промовираше Украинецот Валериј Степаненко како најново десетто засилување за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот Степаненко, кој игра на централната дефанзивна позиција, во Брегалница доаѓа од редовите на романскиот Виторул каде настапуваше изминатава сезона.
Претходно во својата кариера Степаненко има настапи и за украинските Александрија и Оболон, казахстанскиот Мактарал, како и тимот на Калев во Естонија.
Брегалница новата сезона од ПМФЛ ја стартува на домашен терен со дербито на Истокот против кратовски Силекс.