Кадетската репрезентативка Анастасиај Сентовска ново засилување на Астибо

Штипски Астибо го продолжува шопингот во Овче Поле од Свети Николе, откако претходно ги ангажираше Наталија Манева и Елена Вучевска за што веќе објави телевизија М Нет.

Од клубот порачуваат дека нема да мируваат и сериозно ќе се засилуваат, па така Астибо ја претстави младат осумнаесет годишна кадетска репрезентативка Анастасија Сентовска, како најново засилување за новата сезона од Суперлигата.

Сентовска доаѓа од Овче Поле СУ од Свети Никое, и игра на бековската позиција.

Според најавите Астибо ќе формира конкурентен тим кој ќе се бори за горниот дел од табелата, а во своите редови ја има и искусната Марија Анчева која е најдобар стрелец во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет