
„И јас и ти сме пешаци!“ е кампањата на Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност од Скопје со цел подобрување на безбедноста на пешаците којa денес започна во Штип. Претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска рече дека целта на кампањата е подигнување на свеста на пешаците дека се рамноправни учесници во сообраќајот и дека задолжително треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и возачите мора да ги почитуваат правилата за да обезбедат безбедност за пешаците.
Според деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски, оваа кампања на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност, исто како и минатата година, значително ќе придонесе за актуелизирање на предизвикот за безбедно учество во сообраќајот на сите учесници, особено на пешаците како ранлива категорија.
Помошникот на министерот за односи со јавност во МВР Тони Ангеловски истакна дека ваквите превентивни акции директно влијаат на подигањето на нивото на сообраќајна култура и со тоа на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Ова е уште една од низата вакви кампањи на МВР кои се насочени кон подигнување на свеста за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, а со тоа и зголемена безбедност.
Ребека Спасова М-Нет