
Трибините на градскиот стадион ќе бидат реконструирани и целосно завршени наредната година, дециден е градоначалникот Иван Јорданов. Вели дека имаат веќе готов проект за завршување на веќе постоечките трибини кои сега се користат ама се во лоша состојба. Се чека завршување на трибините од ФФМ за истите да се користат од публиката и веднаш потоа запопчнува реконструкцијата на останатите трибини на градскиот стаидон. Освен ова ќе се работи и на нова атлетска патека.
„Овде би напоменал дека и довршувањето на градскиот стадион на трибината која е останата, исто ќе започне во 2024 година. За ова веќе имаме готово проект, во план е да се направи и да се реконструира атлетската патека на градскиот стадион и на тој начин да се заокружи реконструкцијата на градскиот стадион.“ – вели Јорданов.
Реконструкцијата на западната трибина на градскиот стадион започна во 2020 година со тенденција да се реконстуира и источната со средства од Општина Штип. Колку финансики ова ќе ја чини општината ќе се знае дополнително, вели градоначалникот Јорданов. Инаку, во изминатиот период се асфалтираше и пристапна уличка кај стадионот со што работи на подобрување на уловите и за изграчите и за самата публика.
Лаура Стојанова М-Нет