
Македонскиот футсал шампион Форца оствари историски успех во квалификациите за Лигата на шампиони, што се одигра во Куманово. Форца оствари голема победа над ерменскиот шампион ФК Ереван со 5-0, со што како први во квалификациската група обезбеди пласман во следната фаза – групите од Лигата на шампиони во футсал на УЕФА и е во топ 32 најдобри клубови во Европа. Во трите натпревари Форца не прими гол.
Во рамки на првото коло до групата А, екипата на Форца со убедливи 4:0 го доби тимот на Енкамп од Андора. Во вториот меч екипата на Форца забележа уште една победа, овој пат од минимални 1:0 против тимот на Мурата од Сан Марино.