Искршен и уништен споменикот на децата бегалци, здруженијата бараат одговорност

Споменикот на децата бегалци, утрово затекнат искршен и уништен, а беше сведоштвото за неправдата, која се случи на македонците од Егејска Македонија. Од Здружението Мирка Гинова Штип бараат одговорност, почит и достоинство за децата кои никогаш не добија втора шанса, бидејќи како што посочуваат ова е насилство врз нивната судбина и колективна меморија. Тие и понатаму стојат со својот став дека споменикот мора да се зачува за сите во иднина во чест и сеќавање на минетото, кое не треба никогаш да се повтори и заборави.

,,На кого му пречи споменикот на децата бегалци?

На кого му пречи споменот за 28.000 украдени детски животи? На кого му смета вистината за децата од Граѓанската војна во Грција, македонски деца, насилно одделени од своите мајки и татковци, без право на враќање, без право на сеќавање?

Споменикот на децата бегалци не е само камен тој е сведоштво за неправдата што никако не смееме да ја заборавиме.

Секој вандалски чин кон овој споменик е обид да се избрише историјата да се замолчи болката и да се ревидира вистината.

Ова не е само уништување на спомен-обележје ова е насилство врз нивната судбина како и врз нашата колективна меморија.

Бараме одговорност, бараме почит, бараме достоинство за децата кои никогаш не добија втора шанса.

Споменикот мора да се зачува за нив, за нас, за иднината но и за сеќавање на минатото кое не сакаме никогаш да се повтори.,, велат од здружението

Инаку, настанот според информациите се случил изминатата ноќ, а “Споменикот на децата бегалци”,е лоциран во Жена Парк во Скопје.

Иван Митев, М-Нет