
Младите да останат во државата, да се искористат потенцијалите на Кочани, како геотермалните води со кои располага градот, решение на проблемот со тврдиот отпад и проблемот со депонијата беа само дел од темите на кои денеска разговараа градоначалникот Папазов и евроамбасадорот Дејвид Гир. Гир во денешната поста на Кочани истакна дека ЕУ е задоволна што има можност да одвои средства за поддршка на потенцијални проекти со кои ќе се придонесе за равој на градот, но и регионот.
„Нашата дискусија беше навистина фокусирана на многу практични прашања. Разговаравме за тековни проекти кои се финансирани од страна на ЕУ, меѓукои и менаџирање со тврд отпад. Кочани има многу потенција има што да понуди, преставува привилегија за ЕУ што беше во можниост да ги поддржи тие проекти кои се поврзани со развој на туризмот во овој регион “
Кочани се движи во добар правец кога е во прашање реализацијата на капитални прокети истакна градоначалникот Папазов како резултат на денешната дискусоја. Потенцираше дека искористувањето на геотермалните води било во центарот на вниманието, а добиено е ветување дека ЕУ ќе помогне за изнаоѓање вистински начин на нивно искористување.

„Ги споделивме и проектите реализирани со средства од ЕУ и констатиравме дека сме на добар пат. Особено се осврнавме на прокетот за регионалната депонија и отпадот и го искажаваме задоволството од средставата кои ги имаме добиено во моментот за успешна реализација на ваквиот проект. Во делот на потенцијалите на Општина Кочани дадовме посебен акцент на ресурсот геотермални води кој го имаме на располагање и во тој правец ја добивме поддршката“ – вели Папазов.
Во рамки на посетата на Општина Кочани, амбасадорот Гир имаше средби и со претставници на локални граѓански здруженија и институции кои добиле европска поддршка за реализација на нивните активности.
Лаура Стојанова М-Нет