
Штипската клиничка болница прва ја достави целокупната документација за инфраструктурна подготвеност за поставување на новите бараки. Како што е познато истите ке бидат лоцирани над детското оделение. По системот „прв дојден прв услужен“ од клиничката болница очекуваат проектот финасиран од Светската банка да стартува во нашата општина. „Нашата установа предвреме ги направи бараните проекции и комплетната инфраструктура, документацијата е навреме доставена до инвеститорот и наскоро се очекува да пристигнат бараките во кои ке бидат прифатени околу 40 пациенти“ изјави за М-нет директорот Ален Горгиев, според кој завршните активности на јавното претпријатие „Исар“ ке овозможат забрзано имплементирање на проектот од кој зависи здравјето на пациентите во време на пандемија. Штипската клиничка болница, наесен нема да кубури со опрема и инфраструктура, но ке остане ускратена со лекарски персонал, момент кој сега се надополнува со ротацција на лекари од општа пракса. За добро, беспрекорно, техничко функционирање, болницата има дефицит од дваесет и три лица, медицински персонал од кои 6 лекари и дваесетина медицински сестри. Според Горгиев, Клиничката болница во Штип и покрај зголемениот прилив на пациенти позитивни на ковид 19 ке ги пружи навремено и најпрофесионално сите здравствени услуги на пациентите од регионов.