
Интересот за женскиот фудбал во Македонија е голем, формирањето на Втората лига пополека дава резултат, во новата сезона која ќе биде отворена утре има и дебинтат, екипата на Слободен. Втората лига ги намали разликите во резултати, па сега има поголема рамноправност во квалитетот во Првата, но и во Втората лига.
Инфраструктурата е проблем кога е во прашање женскиот фудбал.
Покрај инфраструктурата проблем се и финансиите односно буџетите со кои располагаат клубовите и во Првата и во Втората лига.
Во Првата женска фудбалска лига на Македонија се натпреваруваат десет екипи, Шкендија се откажа од натпреварување и останаа девет, а пак во Втората лига се осум екипи.
Александар Ванев, М-Нет