
88 годишниот Иван Ефремов од Штип е активен пчелар до ден денес. Со изреката „работата го краси човек, а мрзата гнаси“, тој си дава мотив и сила за работа. За да се занимава со одлегдување на пчели потребно е работа, но и љубов, а тој истата ја презел од својот тактко, кој со ваквото занимање започнал од далечната 1924 година, а сега неговите внуци се неговите наследници кој ќе продолжат да ја негуваат оваа традиција.
“Јас од татко ми бил пчелар преку 100 години од 1924 година, сега и зетот и внукот и со дополнителна работа со пчеларство се занимаваме до ден денеска. Имаме пчели 180 на број ден денеска ги одгледувам во селото Аргулица. Се зависи од времето и условите за да се извади добар мед.“, истакна Ефремов
Најтрудољубивиот инсект, без да е штетен, а сепак толку многу корисен во својата работа е пчелата и затоа единствено што бара се добри пасишта во лето и погача за пчели за да опстои во зимо.
“Зимно време ставаме погачи, a истите се од прополис, брашно и истите се продаваат во готово. Кај пчелите зимно време е постојано топло, проблем е само ако надвор е многу ладн во зимото и не можат да прават измет. Не е битно колку степени е надвор, тие внатрее го одржуваат леглото и температурата затоа е иста.“, додава Ефремов
Пчелата произведдува и проплис, кој е доста баран низ секојдневнието кај луѓето и според дедо Иван, таа е најкорисниот инсект на земјата.
“Пчелата е најчиста и дава 6 производа, ниеден инсект не може, а таа произведува и мед и прополис, додека нејзиниот убод и отекува бидејќи е на почетокот, а мене и да ме убодат на око не потекувам, бидејќи. Пчелата не напаѓа, потребно е само мирис да немате. Во иднина мислам дека ќе има, ама проблем е што млоадиоте сакаат да извадат мед и тука е проблемот. И само се кука, скапо е скапо е.“, вели Ефремов
Иван Ефремов има свои наследници, неговиот зет и внук, кој ќе продолжат со традицијата за одгледување на пчели. Тој на младите порача само активна работа, бидејќи човекот колку е по активен, тој е и повеќе здрав, па затоа неговите зборови може би ќе бидат мотивот за некој нови генерации.
Лаура Стојанова, М-Нет