Увезениот ориз од Пакистан и Индија го руши квалитетот на кочанскиот, оризарите бараат брзи рекации

Увозот на ориз од Индиоја, Пакистан и случно го руши квалитетот на кочанското бело злато. Оризопроизводителите загрижени реагираат на ваквата појава и пракса, бидејќи како што велат со ова го губат она што е квалитено и домашно. Бараат од надлежните да излезат на терен и да направат проверка на оризот. Доколку не е кочански да не се декларира како таков.

„Имаме уште еден проблем, има многу увезен ориз кој се декларира како кочански. Бараме од инспекторатот да изелезе на терен и да го провери оризот. Ако не е кочански да се продава како пакистански, индиски, но како кочански да не се декларира.“ – вели Максимов.

Дополнителен проблем за нив е и жетвата. Ако ланската година беше слаба и по квалитет и по принос, очекуваат оваа да биде уште полоша. Ова според нив се должи на задоцнетата сеидба на оризот, а додаваат дека во моментот ниту временските услови не се во нивна полза.

„Оваа година очекувам полошо од ланската. Сидбата беше задоцнета, оризите уште се во фаза на зреење, а временските прилики веќе не се наклонети за оризот. Се плашиме дека ако вака продолжи, ако падне слана некои ниви нема ниту да се жнеат.“ -додава Максимов.

Додава дека очекуваат подобра цена на белото злато со цел мотивација кај земјоделците, да продолжат да работат и државата да не се доведе во ситуација да биде зависна од увоз на ориз.

Лаура Стојанова, М-Нет