Интезивно хортикултурно уредување во Штип, набавка на три специјализирани возила дел од програмата на ЈП Исар за наредната година

Интезивно и зголемено хортикултурно уредување на градот, промена на водоводната и канализациона мрежа, капитални инвестиции се дел од програмата за работа на ЈП Исар наредната 2025 година. Директорот, Александар Арсовски, потенцира дека наредната година со ваквата програма ќе се зголеми работата со цел да се завршат обврските кон граѓаните.

„Програмата за работа на ЈП Исар за наредната 2025 година како и програмата за одржување на јавната чистота на територија на Општина Штип содржи интезивно и зголемено хортикултурно уредување на градот, работа во поглед на промена на водоводна и канализациона мрежа како и многу инвестиции коишто ние ги третираме како капитални.“ – вели Арсовски.

Три специјализирани возила, реорганизација во претпријатието со цел одговорни вработени се дел од активностите кои треба да бидат завршени наредната 2025 година. Аросвски вели дека има и доволно финансиски средства со кои се завршуваат активностите предвидени во програмата за работа.

„Финансиските средства најмногу ги обезбедуваме од обезбедените приходи од страна на услугите кои ги вршиме како јавно претпријатие. Многу често оние работи кои не се предвидени во програмата ги работиме по склучен договор со Општина Штип и по добиен налог за работа. Од аспект на вработените секогаш кубуриме со квалитетен и со стручен кадар, но се прави внатрешна реорганизација. Во моментот трае постапка за набавка на три специјализирани возила кои во голема мера кои ќе го олеснат секојдневното извршување на работите“ – вели Арсовски.

Согласно финансовиот план кој е изготвен од страна на ЈП Исар, а врз база на показателите на трошоците и приходите од 2024 година, се предвидува минимална добивка од околу 620 илјади денари.

Лаура Стојанова М-Нет