
Најголеми инспектори во маркетите се граѓаните и доколку забележат било какво непочитување да пријават до ДПИ, истакна денес министерот Бесар Дурмиши. Вели дека граѓаните можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страницата на ДПИ. И понатаму тој апелираше до сите трговци да ги почитуваат мерките, исто како што почнаа на почетокот со цел да нема санкции и казни.
“ДПИ е на терен да види дали се спроведува оваа мерка или не. Апелирам до сите трговци додека трае оваа мерка до 15 јануари 2025 да ја почитуваат до крај, како што ја почнаа на почеток, затоа што ова е нивна мерка и нивен предлог. Најголеми инспектори се граѓаните јас ги известувам дека ако забележат некакво изигрување во однос цените да пријават на бесплатниот број 191 или на веб страната на ДПИ. Листата на производите кои што се ставени на новогодишната кошничка се во веб страницата на министерството за економја и труд.“, вели Дурмиши
Дека резултатите се ефикасни и мерките се почитуваа на дело, согласен е и директорот на ДПИ Влатко Стојковски, кој вели дека до сега тие имале само неколку поплаки и со тие трговци се постапува согласно мерките.
“Резултатите можам да кажам дека се почитуваат со договореното и самите трговци на дело мислам дека ја покажуваат нивната општествена одговроност, така да како инспекторат за сега можам тоа да го кажам во овие пет шест дена од тоа што го имаме увидено. Дa имаме поплаки од страна на граѓаните, меѓутоа постапуваме по тоа и ќе ги известиме. „, додава Стојкоски
Инаку бројот на производи во новогодишната кошничка од 800 се искачи на 1036, што означува подобра можност за граѓаните, со што тие ќе пазаруваат поевтино за 10 проценти.
Лаура Стојанова, М-Нет