
На 10.08.2021 во Полициска станица Делчево, во врска со пожари кои настанале на подрачјето на ОВР Делчево, на службен разговор биле повикани две лица на возраст од 57 и 47 години, од с.Нов Иственик и од с.Црник. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.