
Вчера во Сараево се изврши ждрепката за распоредот на борбите на боксерите на Европското првенство за деца. Ждрепката сакаше вечерва прва на рингот од македонските претставници да се појави боксерката на Пинк Пантер Тим од Штип Мила Ѓеоргиева а во нејзината категорија противник ќе и биде Јулиа Полетинка од Чешка. Според информациите од тренерот Димитар Ташков со евентуална победа Мила Ѓеоргиева ќе се пласира за понатамошните четврт – финални борби, Вториот македонски репрезентативец, штипјанецот Алиџан Демиров за противник ќе го има Белорусинот Андреј Кипел. Инаку на ова Европско првенство Македонија севкупно е застапена со 6 боксери, 5 во машка и Мила Ѓеоргиева во женска конкуренција а покрај Алиџан Дениров во Сараево ќе настапат уште и Фурхан Јашаровски, Рион Бајрами, Баки Аети и Алтин Османи. Покрај Димитар Ташков децата – боксери ги предводат уште и тренерите Алија Мухамед и Насер Харуни.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk