
Изгаснат е пожарот што избувна во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти.
На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде бил забележан густ чад. Причинета е материјална штета. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.