
Асфалтиран дел од улицата „Цар Самоил“ во Штип. По подолг временски период се рехабилитираа илјада метри квадратни од оваа улица, а во наредниот период е предвидено и продолжување на опфатот. Градоначалникот, Иван Јорданов, од лице место посочи дека станува збор за проект дел од програмата за градежно уредување, по барање на жителите, и за истиот се одвоени нешто пвеќе од 1.5 милиони денари.
„Во текот на изминатите два дена се работеше на улицата Цар Самоил со нанесување на асфалтна маса. Опфатени се повеќе од илјада метри квадратни асфлтна маса со што се рехабилитираше улицата. Предвидено е продолжување на опфатот каде ќе се нанесува асфалтна маса и со тоа ќе се опфатат десетина нови домаќинства кои ќе добијат уреден пристап до своите домови. Повеќе од 1,5 милиони денари се одвоени“ – вели Јорданов.
Задоволни се и граѓаните кои живеат во овој дел од градот. Децидни дека првпат по повеќе од две децении добиваат асфалт на нивната улица која претходно била во катастрофална состојба.
„Оваа улица беше катасторфална. После 20 до 30 години е асфалтирани и ние сме презадоволни“ – велат граѓаните.
Активностите на терен продолжуваат и во наредниот период во речиси сите населени места во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет