
Во седмата рунда од Трета лига – Исток, Малеш со голот на Каракутовски дојде до минимална победа од 1:0 над Хоризонт Турново.
Тиверија на домашен терен во Струмица беше декласираше откако загуби од Овче Поле со 0:4. Стојановски постигна два гола, а по еден гол постигнаа Андроников и Нацев.
Брегалница Делчево со 2:1 на домашен терен славеше над Карбицни, откако Пешовски и Илиев беа стрелци за домаќинот, а за гостинот погоди Нешовски.
Слога Виница на домашен терен го збриша Дојранско Езеро со превисоки 7:1 во натпревар каде Игор Ѓорѓиев и Кристијан Ристовски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Рилинд Ајдини, Роберт Пецов и искусниот Бошко Ступиќ. За гостинот од Дојран погоди Глигор Јанкулов.
Светлост Зрновци дојде до прва сезонска победа откако со 2:1 славеше над Ударник во натпревар каде Коцев и Јакимов беа стрелци за дебитантот, а за гостинот погоди Павлов.
Александар Ванев, М-Нет