Иван Јорданов денес беше во посета на жителите од Лакавичкиот регион

Иван Јорданов, кандидатот за градоначалник на Општина Штип од редовите на ВМРО ДПМНЕ денес беше на средба со граѓаните од Лакавичкиот регион. На граѓаните им беше презентирана програмата на Иван Јорданов и беа слушнати проблемите со кои се соочуваат тамошните жители. Предизборната кампања за Локалните избори е во полн ек, а како што е познато за градоначалник на Штип ќе се борат четири кандидати.