
СДСМ вчеравечер соопшти имиња на кандидати за градоначалници за престојните Локални избори. Во Источниот дел од државата кандидати се предложени само за општините Штип, Берово и Чешиново – Облешево. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека предложените 19 кандидати се луѓе со кредибилитет кои можат да ја бараат довербата од граѓаните
„За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската огранизација на СДСМ, Илија Рунтевски, Општина Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, во Штип исто така претседателот на општинската организација, Павел Иванов“ – вели Филипче.
Во Општина Чешиново – Облешево, кандидатот за градоначалник Горанчо Крстев, беше градоначалник и во периодот од 2017 до 2021 година. Општина Берово има актуелен градоначалник од редовите на СДСМ, меѓутоа нема да трча за трет мандат. Во општините од Истокот градоначалници од СДСМ има и во Пробиштип и Делчево, но за овие две општини сѐ уште не се познати имињата на кандидатите кои ќе се борат за градоначалнички мандат на локланите избори.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет