
Дали да се вакцинираат децата, колку се добри вакцините и има ли опасност од несакани последици. Се почесто во денешно време се поставуваат овие прашања кај родителите на мали деца кои треба да примаат некоја од редовните вакцини. Таква е сликата и кога е во прашање МРП вакцината, иако моментално во Штип има поголем процент вакционирани деца отколку на национално ниво. Доктор Дијана Коцева Миланова вели дека доколку кај родителите постои било каква дилема да се побара разговор со лекар.
„Доколку имаат било каква дилема околу вакцината, да дојдат и да побараат разговор или консултација со лекар кој работи во служба за имунизација, бидејќи лекарите се најмеродавни лица кои може да обезбедат сигурни и научно докажани инмформации“ – Коцева-Миланова.
Но, за разлика од Штип каде процентот на вакцинирани деца е висок, има општини во државата со поголем број на население но опфатот е многу низок и под 50%. Според Коцева Миланова овде стои опасноста од појава на морбили.
„Кога зборуваме конкретно за МРП вакцината постојат општини во Македонија каде опфатот е многу низок, под 50%, тоа се општини со поголем број на население и тоа не доведува до реален ризик од морбили. Едно доста сериозно заболување кое може да се спречи со примање на вакцина. Вакциините треба да се примаат на возраст според вакциналниот каледнар“ – додава Коцева-Миланова.
Вакцините се проверени децидени се лекарите и советуваат децата согласно вакциналниот календар редовно да ги примаат истите.
Лаура Стојанова М-Нет