Воведен продолжен бесплатен престој за учениците во ООУ „Климент Охридски“ Облешево

Пивка вода за учениците од подрачното училиште во село Чифлик, како и продолжен престој за сите ученици од прво до трето одделение во централното училиште „Климент Охридски“ во село Облешево. За речиси половина година во директорската фоотелја, в.д. директорот вели дека максимално се работи за подобрување на условите за ученици и самите вработени.

„За кратко време во централното училиште започнавме со продолжен престој на ученици од прво до трето одделение. Ние како менаџерски тим се трудиме да обезбедиме вода за пиење, набавивме диспанзери за вода“ – вели Костадинов.

Централното училиште располага со неколку училници опремени за кабинетска настава, со што учениците може целосно да се посветат во изведување на наставата по тие предмети. Обезбедени се кабинети по музичко, ликовно образование, а училиштето располага со спортска сала за физичко образование.

„Кабинетот по природни науки функционира непречено и ги обезбедува сите услови за учениците да можат да ги постигнат потребните резултати. Резултати се постигнуваат на голем број натпревари по хемија и природни науки“ – вели Костадинов.

Костадинов посочи дека проекти во училиштетото се предвидени и за наредната тековна година со што дополнително ќе се подобрат условите за сите ученици како во централното училиште во село Облешево така и во подрачните училишта.

Лаура Стојанова М-Нет