Златни медали за штипските борачи Лука Ананиев, Христијан Димитријев и Марио Ананиев на меѓународен турнир во Бугарија

Големи резултати за штипските борачи Лука Ананиев, Христијан Димитријев и Марио Ананиев на Меѓународен турнир во Стара Загора, Бугарија.

Одлични борби и големи резултати за тројцата борачи. Лука Ананиев со три победи стигна до прво место и златен медал во категорија до минус 41 килограм. Прво место и златен медал со четири победи имаше и Христијан Димитријев во категорија до 85 килограми, двајцата борачи кои ги бранат боите на боречкиот клуб Балканец од Штип.

Марио Ананиев кој се натпреварува за радовишки Бучин беше дел од оваа победничка екипа во Бугарија, а на овој турнир беше прв во категорија до 65 килограми, Ананиев имаше четири победи вредни прво место и златен медал. Воедно, Марио Ананиев беше прогласен и за најдобар странски борач.

Екипата ја предводеше тренерот Давор Тасев кој од 11 борби забележа 11 победи.

Инаку, Марио Ананиев беше прогласен и за најдобар спортист на Истокот на спортската манифестација на М Нет телевизија каде се избираа најдобрите спортисти до 18 години.

Александар Ванев, М-Нет