Зибери: Честите злоупотреби при подигањето брзи кредити ги загрозуваат ранливите категории граѓани

Сериозни мерки треба да се преземат за да се стави крај на злоупотребата на лични податоци и подигање брз кредит на друго име, дециден и денеска беше Народниот правобранител, Насер Зибери. Правјќи разлика меѓу злоупотребата на висината на наплатата на надоместоците и злоупотреба на идентитетот посочи дека вророто е многу болно и мора да се реши.

„Кај нас има триесетина преставки и тука би ги разграничил преставки кои се однесуваат на висината на наплатата на надоместоците во администрирањето на брзите кредити и вториот дел злоупотреба на идентитетот при користење на брзите кредити. Ова второто мислам дека е многу болно и тука треба да се преземат сериозни мерки. Во таа насока и функција беше и свикувањето на таа координативна средба“ – вели Зибери.

Народниот правобранител и финасиските друштва имаат спротивен став кога е во прашање издавањето на брз кредит. Ако друштвата сметаат дека им помагаат на ранливите категории граѓани, Народниот правобранител вели дека само дополнително им нанесуваат штета.

„Мислам дека на средбата кај Грковска ова прашање е декетектирано како проблем. Едно исто лице двапати не може да се задолжи кај истото финансиско друштво. Интересите се спротивни на народниот правобранител и на финасиските друштва.“ – вели Зибери.

Инаку, пред два дена се одржа координативна средба на која беа донесени неколку заклучоци со цел зајакнување на механизимите законтрола на идентитетот на лицето кое е барател на брз кредит.

Лаура Стојанова М-Нет