
Нова акција за нелегални престои на странските државјани, од утрово спроведува министерството за внатрешни работи. Покрај во главниот град, зголемено присуството на полиција има во Штип, како и на дел од гранични премини. Покрај на овие локации, претреси се вршат и во службени простории на МВР. Во рамките на оваа акција се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема. Акцијата е во тек, а по целносно завршување на оваа истрага се очекуваат повеќе информации.
Покрај денешните акции, во изминатите три дена имало 2023 сообраќајни прекршоци , а дури 362 од нив за брзо возење. Според еиденцијата по однос на сторените прекршоци, над 500 биле за непрописно паркирање, а за брзо возење 362. Без возачка дозвола биле казнети 165. Околу 55 санкции имало и за возачите на мотоцикли кои не носеле заштитина кацига. Под дејство на алкохол биле санкционирани 18 лица, за неносење на појас 121 лице, а за користење мобилен телефон при возење 99 мерки. Во изминтите денови покрај возачи, се казнувале и пешаци , кои правеле прекршоци на патот.
Иван Митев, М-Нет