За 50% намален бројот на такси компании во Штип и Кочани, ситуацијата далеку од стабилна

За 50% се преполовени такси компаниите во градовите во државта, овде вклучувајќи ги и Штип и Кочани. Високите цени на репороматеријалите, резервни делови се со повисоки цени, а и механичарите бараат повисоки цени за своите услуги. Ова ги става во мат позиција сопствениците на такси компаниите, кои велат дека ситуацијата е далеку од стабилна и покрај тоа што во изминатиот период се стабилизираше цената на нафтените деривати.

„Инфлацијата, цените се качуваат, за репроматеријали, резервни делови, човечкиот фактор, механичарите се дефицитарни со самото тоа и цените се покачуваат секој месец. Ние за жал реалноста е таа значи последните седум-осум години се преполовени компаниите. Градови како Штип со три компании, Кочани со две тоа покажува дека дејноста и луѓето се дефицитарни, се отворија странски компании.“ – вели Арсов.

Ретко се вложува во такси возила, бидејќи, како што вели Арсов, каква ќе биде ситуацијата во иднина никој не гарантира. Ова е главниот проблем поради кој се возат стари автомобили, се штеди и на квалитет. Дополнително неизвесна е и ситуацијата со јавниот градски превоз кој треба да биде достапен во Штип од месец септември.

„Оваа наша гранка и автобускиот превоз мора да има некоја стратегија барем за 10 години. Кој и да сака да инвестира мора да има 10 до 20 возила, поголемите градови 30 до 50 возила. Тоа е инвестиција од половина милион евра. Кој би вложувал во нешто за што нема гаранција што ќе се случи после три месеца.“ – додава Арсов.

Недостаток има и со работници, бидејќи поголем дел од работното население замина на работа во странство. Арсов вели мора да се направи стратегија за да може да се задржат младите во државата, но и да се нуди квалитет на граѓаните кои користат такси услуга.

Лаура Стојанова М-Нет