За дружење со пријателте на младите им се потребни до 500 денари

Од 200 до 500 денари се потребни за да се излезе на кафе и јадење со пријателите. Според анкетата на М-Нет телевизија младата популација претежно излегуваат во кафулињата и дополнително јадат нешто од пекарите и сендвичарите. Велат дека претежно излегуваат за време на викенд, но неретко и преку седмицата, за да се дружат во своето слободно време.

Ако за кафе, тие трошат околу 200 денари, што го доведува фактот дека покрај кафе, зимаат дополнително и некаков пијалок, дополнително за да се купи некаква храна или нешто слично тие трошат до најмногу 500 денари.

Во согласност со ситуацијата, месечно младите трошат по 50 или 100 евра за социјализација. Младите објаснуваат дека има начин и да се дружат така што ќе потрошат помалку пари, но тоа би било со шетање во природа или посета на некој јавен настан, изложба, промоција. Сепак, она што особено остави впечаток анкетата е дека младите што учат едвај чекаат да дојде лето за да заработат тополнително средства, се со цел да не бидат товар на родителите.

Иван Митев, М-Нет