За асфалтирање се подготвуваат неколку улици во населба Балканска, се работи на проектот „Штип без кал“

Започнаа подготовките за асфалтирање на улици во населба Балаканска во Штип. Денесака се поставија земјени наноси, а во наредниот период ќе се пристапи и кон поставување на првиот асфалтен слој. Општината издвои нешто помалку од два милиони денари за реконструкција на улиците, а се предвидува и поставување детско катче и паркова површина.

„Станува збор за проект кој секоја година го реализираме во приградските населби каде има заборавени улици кои никогаш до сега не биле асфалтирани. Ивде конкретно во населба Балканска ќе се асфалтираат улици во вкупна вредност од 1,8 милиони денари средства од Буџетот на Општина Штип. Се планираат и активности за поставување на детско катче, со детски реквизити, парковна површина.“ – вели Јорданов.

Јорданов во оваа прилика повика на трпение од страна на граѓаните, бидејќи потребен е одреден временски период за да се задоволат нивните потреби. Додаде дека активности на терен се планирани во сите приградски штипски населби согласно проектот „Штип без кал“.

Во текот на вчерашниот ден се работеше во населбата Чардаклија, денеска во Балканска, а ќе се продолжи и во другите приградски населби, во Караорман, во Три Чешми. Оваа година се опфатени повеќе улици за асфалтирање, по барање на жителите, повикувам на трпение, оти не е можно за краток временски период да се задоволат сите потреби на граѓаните.“ – додава Јорданов.

Динамиката е утврдена, се работи на дневна основа, се асфалтираат улици и краци од улици согласно потребите и барањата на граѓаните. Јорданов посочи дека вака ќе се олесни начинот на функционирање на жителите од овие населени места.

Лаура Стојанова М-Нет