
Да се зајакнува и препорачува домашната берза по која ќе се набавува електричната енергија е главната цел на министерството за Енергетика, рударство и минерални суровини. Од таму посочуваат дека она што новата влада го затекна се не направени ремонти, кои се должат за увозот на електрична енергија.
“Сакаме да ја зајакнеме нашата домашна берза, која постои од 10 мај 2023 година. Како што знаете сите државни институции набавуваат електрична енергија со што сакаме да ја препорачаме нашата домашна берза да биде репер за цените, по кои што ќе се набавуваа оваа електрична енергија. Toa што беше затекнато беа не направени ремонти и за тоа се должи увозот на електрична енергија.“; вели Божиновска
Треба да имаме унифицирана тендерска документација со цел навремено и квалитетно да се набави електричната енергија и да се заштедат парите во буџетот со пониска цена на електрична енергија, велат од бирото за јавни набавки
Според последните податоци на државниот завод за статистика, Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 82.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.8 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. природен гас, јаглен и нафтени продукти, ноември 2024 година
Според податоците , во ноември 2024 година, вкупната потрошувачка по видови
енергенти изнесува: 657 489 МWh електрична енергија, 39 840 природен гас, 406 318 тони јаглен и 97 594 тони нафтени продукти.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет