
Од денеска започна ревакцинација на граѓаните со вакцината од производителот фајзер во Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип. 112 граѓани требаше да се ревакцинираат денеска, а за утре закажани се 102 ревакцини.
„Денес во Здавниот дом во тек е ревакцинација со втора доза на „Фајзер“ која ќе се одвива и во текот на утрешниот ден и уште еднаш го повторува апелот за сите оние кои се вакцинираа во просториите на Здравствен дом да дојдат повторно тука за да ја примаат ревакцината“ – кажа Коцева.
Во меѓувреме продолжува имунизацијата на населението со кинеската вакцина „Синофарм“ во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Заинтересираност има, а задоволува и бројот на лица кои примиле прва доза на вакцина.
Според информации од Министерство за здравство вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче, утринава на прес исто така посочи дека вакцинација се одвива непречено.
Лаура Стојанова М-Нет