Започна жетвата на оризот, ќе има ли добра откупна цена или заедно со ланскиот ќе скапува во амбарите?

Започна жетвата на белото злато во делови од кочанскиот регион, но земјоделците велат оваа година оризот ќе биде со најслаб квалитет до сега. Ова се должи пред се на доцната сеидба. Но проблемите за нив не застануваат овде. Освен квалитетот, проблем е и откупната цена. Во амбарите стои и дел од ланскиот ориз, па со ова се отвора можноста оризот да се откупува по уште пониска цена или да скапува по амбарите на земјоделците.

„Квалитетот за 2025 ќе биде еден од најлошиет до сега. Причина е касната сеидба за некои региони. Приносите ќе бидат од 400 до 500 килограми, но и тоа не е проблем, проблем е цената. Имаме стар ориз, и новиот може само да дојде до ситуација да го земат за 28 денари што е далеку од исплатливо.“ – вели Арсов.

Цената за нешто повеќе од 30 денари за арпа е стара две три години, но од тогаш до денеска променети се и трошоците, а цените останаа исти. Согласно тоа треба да има и промени во цените на оризовата арпаи на белиот ориз.

„Од крајот на 2023 до почетокот на 2024 година имавме цена над 30 денари за арпата но таа беше соодветнта на рандаманот кој го даваше оризот. Се уште се водеме по таа производна цена која пред две три години ја дадоа од Институтот од Скопје. Но, од тогаш до денеска имаме проемени во производството, употреба на хемициди и трошоците се зголемуваат“ – вели Ташковски.

Белиот ориз директно од производителите на пазарите се продава по цена од 100 до 120 денари за килограм. Оризот може да остане со оваа продажна цена, но ако се намали во тој случај тие ќебидат во загуба.

Лаура Стојанова М-Нет