
Започнаа активностите на терен кај автобуската станица во Штип, за изградба на вториот Лидл маркет. Таму ќе има два објекти еден за маркетот и уште еден кој ќе биде наменет за потребите на автобуската станица со поразличен изглед од сегашниот. Дополнително во напредна фаза се активностите и за изградба на првиот Лидл маркет кој се наоѓа на булеварот Партизанска, спорти старото нервно одделение. Се очекува и двата маркети да започнат со работа во текот на 2026 година.
„Согласно плановите на оваа компанија во Општина Штип се предвидени два Лидл маркети. Едниот е веднаш до булеварот Партизанска веќе е во напредна фаза и таму се изведуваат предвидените активности. Верувам дека во 2026 година истиот овој објект ќе биде ставен во функција. Втората локација на која треба да се започне со работа е кај Автобуската станица. Овде се предвидени два објекти, еден за Лидл, а вториот помал објект за една поразлична автобуска станица од досегашната“ – вели Јорданов.
Со отворањето на Лидл маркетите во Штип ќе се зголеми конкурентноста, понудата за граѓаните кои ќе имаат поголем избоор на производи за пониски цени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет