Започнаа активностите за асфалтирање на улицата Крушевска Република во нас. Баби во Штип

Започнаа активностите за асфлатирање на улицата Крушевска Република во нас. Баби во Штип. Станува збор за крак од улицата, која што води до филтер станицата, на која претходно се изврши и уредување на тротоарски површини. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека со оваа недела привршуваат активностите кои што се предвидени согласно буџетот за 2024 со што ќе бидат опфатени уште неколку улици кои до крајот на оваа година ќе бидат реконструирани.

“Денеска се работи на ул.Крушевска Република во нас. Баби овде ќе се нанесува асфалтна маса на истата улица, а претходно се вршеше уредување на тртоарските површини. Станува збор за еден крак од улица Крушевска Република, која што води до филтер станица. Потребата заради амортизирање на улицата низ годините наназад , заради промената на главната водоводна линија, која што ја поврза нас. Баби со нова водоводна мрежа практично и дирекно од филтер станицата, доведе до реконструкција на самата улица. Оваа недела привршуваат активностите кои што се предвидени согласно буџетот за 2024, така да неделата ќе биде работна со опфаќање на неколку улици кои што верувам дека до крајот на 2024 ќе бидат реконструирани.“, вели Јорданов

За рехабилитација и реконструкција за оваа улица од буџетот на општината се издвоени повеќе од еден милион денари, додава Јорданов

“Со тоа да влеземе во 2025 година со уште поголема мотивација а рехабилитација и реконструкција на поголем број на улици. Повеќе од еден милион денари се одвоени исто така за потребите за рехабилитација и реконструкција на оваа улица, кои што се од буџетот на Општина Штип.“, додава Јорданов

Инаку покрај надземно, оваа улица во изминаатиот период се уредуваше и подземно со поставување на нова водоводна мрежа. Се реконструираа и тротоарските површини, па затоа сега жителите на улицата од сега ќе имаат соодветни услови за живот.

Лаура Стојанова, М-Нет