
Јавниот конкурс за реонски попишувачи и реонски инструктори заврши на 28 февруари годинава. Листата на сите примени пријави ќе биде истакната на неколку места како во Општина Штип и Карбинци така и на места видливи надовр од нив. Тестирањето е закажано за 11 и 12 март годинава.
Тестирањето на пријавените кандидати ќе се спроведува со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.
За реон 16 поточно Општина Штип и Карбинци за реонски попишувачи и инструктори пријавени се 266 кандидати, а потребни се 129 попишувачи и 13 реонски инструктори. Тоа значи дека бројот на пријавени кандидати е задоволителен, односо има пријавено двојно повеќе кандидати. По упатството на Државниот завод за статистика најмалку 10% ќе бидат ставени во резерва во случај ако некој од избраните кандидати се откаже или е позитивен на Ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет