Жителите од село Чифлик со големо сеќавање раскажуваат за некогашните традиции и обичаи

Жетва, свадби, собири, на велигден, на благ ден, на Ѓурговден, сите овие традиции денес се во големо сеќавање на постарите жители од селото Чифлик од Општината Чешиново – Облешево. Овде тие велат дека некогаш се печалело многу тешко, за разлика од сега, па додаваат дека во минатото тие оделе аргати само за да си купат чевли и руво.

“Јас сум 78 години. Имавме жетва, аргати одевме за да си печалиме како девојчиња, некоја пара да си купеме нешто за да излеземе на добар ден, на велигден, на тие работи се. Сега дојде многу поубаво време. Се собиравме секоја вечер, два саати да има за спање , селаните излегуваа да се извидат. Љубов се секаде случуваше, на пат, на собор.“ – велат жителите.

Овдешното население, некогаш имало обреди, обичаи и традиционални практики, како правење на кумова гранка, плетење венци, сукање баница.

Некогаш секоа снаа го одржувала целото семјство по една недела, а после нејзе другата, сега тоа е речиси незамисливо.

Инаку, селото Чифлик се наога во општината чешиново-облешево,  се наоѓа во кочанската котлина, оддалечено 11 километри западно од Кочани. Покрај селото тече реката Брегалница.

Лаура Стојанова М-Нет