
Берово, Пехчево, Делчево утринава повторно се разбудија со снежна покривка. Во Берово има најмногу снег односно формирана е снежна покривка од 22 сантиметири. Согласно ваквата слика на терен од АМСМ известуваат дека Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува низ цела Западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
Од таму препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Да се внимава препорачуваат и од Македонија пат. Од таму посочуваат дека снегот во Источниот дел од државата е исчистен и сите патни правци се проодни. Снег има во Берово, Делчево, Пехчево како и на патот кон Виница, а овде критични места има и заради одрони на патот. Токму затоа се апелира возачите да бидат внимателни.
Инаку., Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Лаура Стојанова М-Нет