Жителите на село Блатец, виничко, едногласни против изградбата на минихидроцентрала

Жителите на село Блатец цврсто на ставот против изградба на мини хидроцентралана на река Блатешница. Како што велат оваа река живот значи и нема да дозволат да биде ставена во цевка. Два дена храбро се спротиставија на одлуката дека треба да се гради мини хтидроцентрална на оваа река. Како што посочија и претходно водотекот им е клучен за живот и опстанок во селото.Порачаа дека без реката „во Блатец нема што да бараат“ и дека би биле принудени да се иселат доколку проектот продолжи.

„Се наоѓаме на блокадата за изградба на хидроцентрала и како што можете да видите населението на Блатец е цврсто застанат за стопирање наградбата на оваа хидроцентрала. Доколку некој сѐ уште се двоуми дека народот се уште размислува дали треба или не ова е најдобар доказ дека граѓаните на Блатец цврсто стојат против одлуката за изградба на оваа хидроцентрала“ – велат жителите.

Жителите едногласно потврдија дека блокадите же бидат се почести се додека не се откаже изградбата на минихидроцентралата на оваа река.

Ова не е првпат да има протести и блокади во селото, жителите со месеци алармираат оти не сакаат изградба на хидроцентрала на Блатешница.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет