
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекувањето на паровите од Куп натпреварувањето во женска конкуренција.
Формирани се четири групи со по четири екипи. Во група А ќе Спартак ќе игра со Шампион, Металург Автокоманда против Стружанка.
Во групата Б штипски Астибо против Куманово во дерби меч, Чаир против Ѓорче Петров 2.
Во групата В екипата на Скопје како голем фаворит ќе се соочи со Гевгелија, а пак бранителот на Куп титулата Ѓорче Петров ќе игра против Деспина.
Во групата Г Пелистер како голем фаворит ќе игра против Овче Поле, а Вардар на првиот меч е слободен.
Според системот на игра победниците од двата натпревари во секоја група ќе се соочат меѓусебно и победникот на групата патува во полуфиналето.
Александар Ванев, М-Нет