
Второлигашот Пелистер продолжи со засилувањата за пролетниот дел од сезоната, во кој ќе води тешка и неизвесна борба за пласман во Првата македонска фудбалска лига.
Најново име во таборот на Пелистер е Ерен Парталко кој доаѓа од директниот конкурент Вардар. 20-годишниот офанзивен играч за врска си замина од Вардар, од каде си заминаа повеќе играчи, а покрај за Вардар, Парталко настапуваше и за младинскиот тим на Академија Пандев.
Пелистер направи промена во управата, а се прават промени и во тимот, кој во пролетниот дел ќе биде воден од Бабунски, кој доаѓа на местото на Марјан Секуловски.
Целта на Пелистер во пролетниот дел ќе биде да избори пласман во Прва лига и со тоа да направи експесен кам-бек во елитата на Македонија, откако минатата сезона испадна од ПМФЛ како последнопласиран тим.