Експлозија на плинска боца предизвикала пожар на два објекта во Пробиштип, повредено едно лице

На 02.09.2024 околу 17.45 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека во помошен објект на ул.„Миро Барага“ во Пробиштип, сопственост на П.Д.(88) од Пробиштип, настанала експлозија на плинска боца и пожар. Притоа, сопственикот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип за укажување помош. Од пожарот настанало делумно оштетување и на соседната куќа, сопственост на Ц.В.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип пожарот бил изгаснат, а по наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од ОВР Пробиштип.