„Еко хелт саем“ денес собра ученици од Србија и Македонија на едно место, целта е да се подигне свеста за поздрава животна средина

Општина Штип денес беше домакин на работилницата“Еко-здрав саем“ која е во соработка помеѓи две средни училишта и тоа СОУ Јане Сандански Штип и училиштето Божидар Џорџиевич Кукар од Лесковац, Р.Србија. Целта на ваквиот настан е да се подигне свеста на локално ниво за подобра и поздрава животна средина. Директорката на СОУ Јане Сандански Марија Николиќ, истака дека проектот е дел од супер училиштата, како единствено училиште кое го доби овој проект од регионот.

“Чест ми е што денес сме овде во Oпштина Штип, каде што нашето училиште Јане Сандански, заедно со партнер училиштето Божидар Џорџевиќ Кукар од Лесаковац се овде за да промовираат една активност, која има за цел да ја подигне свеста на локално ниво и меѓу младите за подобра и по здрава животна средина. Проектот е дел од Рајко супер училиштата, а единствено ова училипте кое го доби овој проект од овој регион. Ги вклучклува темите од западен балкан Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија. Целта е да се промовира интеркултурализмот во образовниуот систем.”,вели Николиќ

Со заедничката работилница ќе се овозможи бесплатна услуга на граѓаните, кои што ќе ја посетат самата општинска зграда, како и на општинската администрација, додава Соња Николова од одделението за образование.

“Денес имаме една прекрасна глетка Општина Штип е домакин на завршната манифестација, односно тоа е работилница на учениците од две те средни учлилишта и тоа општинското средно училиште Јане Сандански, нашето медицинско училиште, заедно во соработка со партнер училиштето од Р.Србија од Лесковац. Имаме една заедника работилница, активности, каде што ќе извршуваат бесплатни услуги на граѓаните, кои што ќе ја посетат општинската зграда, но и на општинската администрација,“, вели Николова

За учениците и од двете средни училишта, ваквиот настан покрај што претставува можност за да се стекнат со многу знаења, претставува и можност за големи пријателства, кои ќе останат и во иднина.

„Ние веќе се дружиме пет дена и во текот на тие пет имавме можност да се запознаеме, да створиме нови пријателства. Исто така имавме низа на работилници, како за булниг, ментално здравје, за пронаогање на личниот идентите и сл.”, велат учениците


„Како што кажа и мојата другарка, сега сме на саемот и проект за еко здрава заедница. Во изминатите денови, односно пет дена, многу добро се дружевме и покрај активностите, имавме и нешто што би за нас конктретно во хемиското училиште многу значело а тоа е посета на фабриките за вода, работилница за рециклација на текстилот, работилница како да пружиме прва помош и многу повеќе од тоа. Но она што посебно е добро е тоа што стекнавме добри пријателства, кое ќе остане за во иднина.“, велат учениците од Србија

Инаку, денес на завршниот настан учениците изработија сапуни од профилот на фармацевски техничари, делеа здрава храна, а по завршувањето на хуманитарната акција, собраните средства ке бидат донирани на децата со посебни потреби.

Лаура Стојанова, М-Нет