Од „Еко – свест“ алармираат дека добиле информации од населението дека се поставени машини за сеча на шума со што се отвора пат за изградба на МХЕ Рибничка.
„Деновиве во паркот се подготвува нова сеча на шума, за потребите на изградба на малата хидро централа на реката Рибничка. За овој проект имаше силна критика од меѓународната стручна јавност и Бернската конвенција, македонските граѓански организации како и локалното население. Овој проект не само што не е во функција на заштита на природните вредности на паркот, тој е во директна штета за управувањето на ова заштитено подрачје“, изјави Ана Чоловиќ Лешоска од „Еко-свест“.
Таа вели дека потребно е итно репрогласување на паркот, односно итно донесување на нов Закон за прогласување на НП Маврово за заштитено подрачје.
„Тоа е единствениот начин да се стави крај на овој правен вакуум, да се прекинат незаконските активности и да се воспостави вистинска заштита на природното богатство. Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата не смеат повеќе да го игнорираат овој проблем – репрогласувањето на НП Маврово е нивна законска обврска“, велат од „Еко-свест“.
фото/Depositphotos
Текстот „Еко – свест“: Сеча на шума во Маврово, се отвора пат за изградба на мала хидроцентрала е превземен од МАКФАКС.