
Нема жагор во центарот на градот, самo наведнати глави на повозрасните граѓани, тага и болка, и на сите страни спомени кои потсетуваат на трагедијата од дискотеката. Анкетираните кочанчани велат дека тешко Кочани да се опорави од ваквата ситуација, никогаш нема да биде како порано, кога паркот беше полн со млади кои шетаа, угостителските објекти беа место за собиранки, а Кочани беше град полн со дружељубив народ насмеани млади.
„Градот ни ојде, младите лица ни отидоа, многу е жално, тажно е. Не е како што бееше.“ – велат граѓаните.
Новиот в.д. градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски, исткан дека прва работа која ќе биде завршена е да се префрлат три милиони денари од општината на Црвен крст за помош на семејствата на настраданите од пожарот, Додаде дека одговорност мора да има, и истата треба да виде транспарентна и неселективна.
„Ова е трагедија во светски карактер, ситуацијата е трагична, апатија владее на секој чекор. Имаме обврска коон настраданиет да ги сменеме одлуките на подобро. Јавноста во Кочани смета дека одговорноста треба да биде транспарентна и неселектива.“ – вели Крстевски.
Минатиот месец на 16 во раните утрински часови изби пожар во дискотеката Пулс, во кој животот го изгубија 61 младо лице, а околу 200 беа повредени.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет