Драган Анастасов на средби со граѓаните на Пробиштип

Вечерва кандидатот за градоначалник на Пробиштип од редовите на СДСМ и коалицијата беше на средба со сограѓаните на дел од селото Пробиштип и населба Камењар.
“За граѓаните видливи се бенефитите од реализираните проектите во изминативе години. Мојата програма сега голем акцент става на социјалната заштита и поддршка на граѓаните, со низата мерки со кои продолжуваме да ги субвенционираме нивните реални потреби.
На овие средби истакнав дека, јас сум категорично против отворање на нов рудник на Плавица. Тоа не го дозволив изминативе години, а со ваша поддршка нема да го дозволиме и во иднина.” – изјави Анастасов