Брегалница го доби Скопје во вечерното дерби во Штип

Брегалница со погодоците на Стефан Костов и Давид Калпачки славеше со 2:0 во дербито на 8. коло во Втората лига, кое се играше под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, а кое дерби го следевте на М Нет телевизија.

Костов го отвори резултатот и со минимална предност Брегалница замина на полувреме, а во вториот дел Скопје се обидуваше на пронајде начин како до погодок, но во финишот Давид Калпачки постигна гол за конечни 2:0.

Сега Брегалница се враќа на врвот во Втора лига со 20 бодови, колку што има Шкендија Арачиново која е втора.

Александар Ванев, М-Нет