
До крајот на годината треба да биде завршен новиот градски пазар во Виница. Пазарот почна да се гради пред три години, со цел да се добие модерен затворен градски пазар на две нивоа. Досега се завршени се дел од активностите, променета е водоводната и канализациона мрежа, а во моментот се работи на кровната конструкција по што ќе следува и тампонирањето. Вредноста на проектот е 16 милиони денари, пари издвоени од Буџетот на Општина Виница.
„Пазарот беше започнат од порано, склучивме нов договор за изградба на градскиот пазар со нов изведувач. Пазарот ќе биде покриен, на местото на стариот градски пазар, моментално се работат земјените работи, бетонските работи се завршени, сега веќе е завршено и поставувањето на водоводната, канализациона мрежа. Сега следува тампонирање на подлогата и поставување на бекатон плочки. Се работи веќе и на кровната конструкција и јас се надевам дека до крајот на годината градскиот пазар ќе биде завршен. Средствата се целосно од Општина Виница. Вредноста е некаде околу 16 милиони денари.“ – вели Петков.
Во меѓувреме освен активностите на градскиот пазар, во Виница се работат и неколку капитални проекти, а се асфалтираат и реконструираат и низа улици.
Петков посочи дека со овие активности на терен се работи за подобрување на изгледот на градот и подобрување на условите за живот на граѓаните.
Лаура Стојанова, М-Нет