
Сестринството е една од најважните алки во развојот на медицината, и ова преставува една од најхуманите професии – вели професор Гордана Панова. Студентите на универзитетот Гоце Делчев Штип кои студираат за во иднина да работат како месицински сестри имаат можности да научат многу, бидејќи како што вели таа покрај теоријата трипати во неделата одат на пракса во КБ Штип, а дополнително се дел и од разни конгреси. На ваков начин се дава мотивација младите да продолжат со образование и да работат како дел од медицината.
„Сестринството е една од најважните алки во развојот на медицината бидејќи како се развива медицината се развива и сестринството. Тие се едни од најхуманата професија, сестрата секогаш е покрај докторот, без нејзината нега ниту докторот ниту пациентот не можат да имаат добробит. Нашето образование за сестрата е на едно повисоко ниво, како што е низ целиот свет.“ – вели Панова.
Но, и овде како и во сите останати гранки одливот на кадар е голем. За подобра егзистенција медицинските сестри заминуваат на работа надвор од границите на државата. Панова вели единствен недостаток во државата е лиценцата која треба да ја има една медицинска сестра. На тој начин ќе се зголеми и мотивот за учење и мотивот за работа.
„Имаме и голем одлив на овој кадар, но имаме и сестри кои се овде кои живеат и работат овде. Единствено во Македонија што фали е сестрите да имаат своја комора и да имаат број лиценца. Оваа лиценца ќе направи да сестрата да биде упорна и да може да работи и да се образува повеќе од она што го знае.“ – додава Панова.
Панова е децидна дека сестрите мора да бидат и добро платени бидејќи тие се англе чувар на пациентите. Треба да се чуваат во државата со цел подобрување на медицината.