
Во завршна фаза се списоците за донесената мерка за дополнителните три денари за откуп на пченицата од страна на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Министерот Цветан Трипуновски истакна дека ова е стимул за да се зголемат површините по пченица за годинава, како и да се намали увозот како потреба која што го има државата.
Она што дополнително го истака Трифуновски е дека ќе нема заостанати субвенции од 2021, 22,23 година, а она што додатно го изјави е дека пред неколку дена е извршена и исплатата за продадено литар млеко.
Во согласност со ситуацијата, ваквиот начин за земјоделците е нов мотив за работа, но и можност за подобра заработувачка, имајќи во предвид покачувањето на субвенциите.
Лаура Стојанова, М-Нет