До денес е пријавувањето за турнирот во мал фудбал во Пробиштип

По повод 28 август „Успение на Пресвета Богородица“ и Денот на рударите традиционално во Пробиштип ќе се организира турнир во мал фудбал.

Пријавувањето за учество на турнирот во Пробиштип веќе е започнато и сите заинтересирани екипи може да го пријават своето учество. Пријавувањето е отворено до 12. август (сабота) до 19 часот кога и ќе се изврши извлекувањето на ждрепката.

Котизацијата за учество на турнирот изнесува 4.000 денари, а што се однесува до наградниот фонд за прво место е предвидена парична награда од 70.000 денари, за второто место следува парична награда од 30.000 денари. Што се однесува до индивидуалните награди, за најдобар голман е предвидена парична награда од 2.000 денари, а по 2.000 денари ќе добијат и оние кои ќе ја освојат наградата за најдобар стрелец и најдобар играч.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 078 / 387 – 765, а турнирот ќе започне на 13. август (недела) додека пак финалето е закажано за 28. август (понеделник).

Телевизија М Нет ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во Пробиштип.