
Инфраструктурата и понатаму останува еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат слепите лица во Штип. Дислокација на сообраќајните знаци, прилагодување на тротоарите и ослободување на истите од возила се дел од проблемите кои треба да се решат за да може да безбедно да се движат и слепите лица. Претседателот, Драги Витанов, вели дека побарал средба со градоначалникот Јорданов за да се реши проблемот со инфраструктурата кој се провлекува со години.
„Јас очекувам, веќе закажав средба со градоначалникот. Треба да се работи на инфраструктурата дефинитивно, а треба да се разговара и за градскиот превоз. Ветрикалните сообраќајните знаци ќе продолжиме да ги дислоцираме“, вели Витанов.
Задоволни се што помина барањето лична асистенција да користат слепите лица над 65 години. Сега најголем дел од слепите лица, членови на Здружението имаат право да користат лична асистенција и ја користат истата. Здружението брои околу 100 члена од Штип, Пробиштип, Радовиш и Карбинци, а оваа услуга ја користат 60% од членовите.
„Навистина сме среќни оти помина нашето барање да може лична асистеницја да користат лица над 65 години. Најголем дел од слепите лица имаат право и ја користат личната асистенција“. додава Витанов.
Личните асистенити им помагаат на слепите и лицата со оштетен вид во извршување на нивните секојдневни обврски и се од големо значење и помош за овие лица.
Лаура Стојанова М-Нет